|
|
|
 |
|
Претседател на ОС Кавадарци
|
|

|
Зоран Јосифовски
|
|
Роден е на 15.01.1970 година во Кавадарци.
- Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 22.06.1995 година.
- По дипломирањето, од 20.11.1995 година волонтира во Основниот суд Кавадарци.
|
- Правосудниот испит го положил на 24.12.1997 година.
- Од 01.10.1998 година се вработува во Основниот суд Кавадарци како Стручен соработник.
- Од 15.07.2002 година ги обавува работите и работните задачи, Секретар на Основниот суд Кавадарци.
- За Судија на Основниот суд Кавадарци е избран на 15.02.2005 година.
|
|
Судија што го заменува Претседателот на ОС Кавадарци и претседател на кривичниот оддел
|
|

|
Стојан Бојков
|
|
Роден е на ден 01.01.1952 година во с.Рожден. До 4-то одделение учел во с.Рожден, а од 4-то до осмо одделение во с.Долни Дисан, гимназија завршил во Кавадарци.
- Правен факултет во Скопје завршил на 24.09.1976 година.
- На 20.10.1976 година, се вработил како приправник во ОЈО Кавадарци.
|
- На 26.06.1978 година положил правосуден испит.
- Стручен соработник станал во ОЈО Кавадарци на 01.07.1978 година каде останал се до 17.02.1981 година.
- На 17.02.1981 година е избран за судија во Општинскиот суд Кавадарци. На 22.02.1989 година по вторпат избран за судија во Општинскиот суд Кавадарци. На 27.06.1996 година избран за судија на Основниот суд Кавадарци.
- На 30.01.1997 година избран за претседател на Основниот суд Кавадарци.
- Сега судија на Основниот суд Кавадарци.
|
|
Судија
|
|
.jpg)
|
Доц. д-р. Лазар Нанев
|
|
Роден е 25.04.1969 година во Кавадрци
- Во 1992 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје .
- Магистрирал во декември 2002 година на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, на тема,,Положбата на малолетн- икот во кривичната постпака.
|
- Докторирал во 09.2006 година на тема Криминолошки аспекти на стопанскиот криминалитет.
- Во 1992 година се вработил во МВР-ОВР Кавадарци.
- Во 1996 година положил правосуден испит,а во 1998 година положил Нотарски испит.
- Во 2002 година е избран за судија во Основниот суд Кавадарци.
- Во 1996 година ја основа невладината организација Совет за превентива против малолетничка деликвенција и е нејзин претседател.Во рамките на активностите во невладиниот сектор работел на изготвување и реализација на повеќе проекти како и организирање и реализирање на повеќе семинари,во врска со реализацијата на проектите на кои се појавувал и како предавач,ментор или раководител.
- Настапуавл на преку 150 семинари од областа на стратешкото планирање,организациско јакнење, евалуа- ција, маркетинг, лобирање, комуникација со јавноста и развој и афирмација на НВО секторот.
- Врз стекнатите знаења и искуства во 2000 година го изработува Превентивниот акционен план за Р.Македонија ,а во 2001 година учествува во подготвувањето на нацрт текст на малолетнички казнен законик изготвен од НВО сектор.
- Бил на повеќе студиски престои во странство и тоа САД, Полска, Словачка, Хрватска, Швајцарија, Франција - /Стразбур/ и др.
- Во 2003-2004 година ја завршил школата за политика на Совет на Европа.
- Член е на Владината комисија за превенција од малолетничка деликвенција.
- Член е на комисијата за изработка на законот за малолетничка правда.
- Член е на комисијата за изработка на акционен план на РМ за заштита на правата на детето.
- Член е на здружението за кривично право и криминологија.
- Член е на управниот одбор на Полициската академија во Скопје.
- Има објавено повеќе трудови меѓу кои Положбата на малолетникот во кривичната постапка,Стратегија за имплементација на алтернативните мерки .
- Во декември 2002 година од страна на Градоначалникот и Советот на општината Кавадарци го доби признанието Заслужен граѓанин на град Кавадарци.
|
|
Судија
|
|

|
Лидија Ридова
|
|
Родена е на 28.08.1966 година во Кавадарци.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во септември 1989 година.
- Во периодот од 01.01.1990 година до 01.07.1991 година обавува волонтерска работа во АК ,,Тиквеш,, и ОП,,Југокомерц,, во Кавадарци.
|
- На 01.07.1991 година се вработува во редовен работен однос како правник во ОП,,Југокомерц,, а од 11.09.1991 година работи во ОП,,Стил-ко,,Кавадарци, се до 15.12.1994 година.
- Во октомври 1995 година го положи правосудниот испит.
- Од 01.10.1998 година вработена е во Основен суд Кавадарци, на работно место водител на кривично одделение, а од 11.07.2002 година распоредена е на работно место Стручен соработник.
- На 15.02.2005 година избрана е за судија во Основен суд Кавадарци.
|
|
Судија
|
|

|
Николина Дафчева
|
|
Родена е на 15.12.1951 година во с.Куманичево, Општина Кавадарци.
- По завршување на гимназијата се запишала на Правниот факултет во Скопје во учебната 1970/71 год., а дипломирала во Декември 1974 година.
- По дипломирањето во 1975 год. се вработила како приправник во Собранието на Општина Кавадарци.
|
- Во мај 1980 година е избрана за судија за прекршоци во службата за прекршоци.
Во почетокот на 1984 година е избрана за раководител на службата за прекршоци, а кога службата помина во Општински суд за прекршоци е избрана за претеседател на Општинскиот суд Кавадарци и функцијата на претседател на овој суд ја извршува до јуни 1996 год. Со укинување на судовите за прекршоци во јуни 1996 година е избрана за судија на Основен суд Кавадарци, каде што работи и денес во кривичниот оддел |
|
Судија
|
|

|
Мирјанка Томиќ
|
|
Родена е на 07.08.1950 година во Кавадарци.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје,положила испит за судија за прекршоци и правосуден испит.
- Прво вработување и е во 1976 година, како приправник во Општинскиот суд за прекршоци -Кавадарци.
|
-
За судија е избрана 1980 година .
- Работи на прекршочната материја, член е на совет од пет мина судии кога се суди за кривични дела за кој е пропишана казна затвор над 10 години.
- Била член на стечајниот совет.
- Работела во кривична, оставинска, и вонпарнична материја.
- Постапувала по предмети за извршување на прекршочни санкции, и во два мандата член на советот за условен отпус и член на кривичниот совет.
|
|
Судија
|
|

|
Јордан Дафков
|
|
Роден е на 28.10.1947 година во с. Ваташа.
- Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 27.10.1971 година.
- По дипломирањето се вработил во АК ,,Тиквеш,, од 01.12.1971 година и работел се до 15.04.1974 година како приправник и правен референт.
|
- Од 15.04.1974 година, до 01.02.1976 година работел во Општинско јавно обвинителство, како заменик јавен обвинител.
- Правосуден испит положил во април 1975 година, и од тогаш е заменик на јавниот обвинител.
- Од 01.02.1976 година до 01.06.1982 година во два мандата бил член на Извршниот совет на СО Кавадарци, а воедно и секретар на Извршниот совет.
- Напоредно со оваа функција ја обавува и функцијата ВД Јавен правобранител на Општина Кавадарци во 1978 година.
- Од 01.06.1982 година до 15.09.1985 година работи како директор на ТРО ,,Вишешница,, Кавадарци.
- Од 15.09.1985 година до 01.01.1991 година е повторно член на Извршниот совет на СО Кавадарци се до неговото постоење до Јануари 1991 година и тоа како Секретар на СВР Кавадарци односно покасно Началник на ОВР Кавадарци.
- Во СВР Кавадарци е од 15.09.1985 година до 01.03.1995 година.
- Избран е за судија во Основниот суд Кавадарци на 01.10.1997 година, а претседател на Основниот суд Кавадарци е од 12.12.2001до 2006 година
|
|
Судија- претседател на граѓанаски оддел
|
|

|
Елизабета Петковска
|
- Родена е во Кавадарци на ден 27.04.1967 година.
- Се запишала на Правниот факултет во Скопје 1985/86 година, а дипломирала во 1989 година и тоа правосудна насока.
- Положила правосуден испит на 07.12.1993 година.
|
- На ден 01.02.1995 година се запишала во Адвокатската комора на РМ и работела како адвокат седум години.
- Избрана е за судија на Основен суд Кавадарци на ден 11.12.2001 година .
|
|
Судија
|
|

|
Лилјана Ситниковска
|
|
Родена е на ден 04.09.1963 година во Прилеп.
- Дипломира 1987 година на Правниот факултет во Битола.
- Првосуден испит положила на 04.10.1994 година.
- Со отворањето на адвокатската канцеларија од 01.01.1995 година, е прва жена адвокат во Кавадарци.
|
- Од 17.01.1997 година е избрана за секретар на Советот на општина Кавадарци, каде работи до 27.12.2000 година.
- Од 01.01.2001 до 13.03.2000 година прима апанажа, а од 13.03.2001 година повторно отвара адвокатска канцеларија.
- Во периодот додека работи како секретар на Советот е учесник во повеќе проекти во општината, член е на повеќе невладини организации, и учествува во работната група во Министерството за локална самоуправа која работеше на стратегијата за децентрализација на локалната самоуправа, пред донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа.
- Учесник е на студиски посети, меѓународни семин- ари и работилници во Полска, Грција и Бугарија.
- За судија на Основниот суд Кавадарци, е избрана на ден 12.12.2001 година.
- Работи на граѓанската материја, а една и пол година има работено и стечајна материја - како претседател на стечаен совет.
|
|
Судија
|
|

|
Нада Белевска
|
|
Родена е на 3.09.1950 година во Кавадарци.
- Дипломирала на Правниот факултет во 1977 година во Скопје. Како приправник 1 година работи во Основниот суд Кавадарци, а потоа се вработува како правник во Центар за социјална работа Кавадарци, каде работи се до 1984 година.
|
- Правосудниот испит го положи во 1981 година.
- Во 1984 година е именувана за Јавен правобранител на Општина Кавадарци за период од 4 години, а потоа во 1988 година повторно е именувана на истата функција, која ја обавував се до 01.07.1996 година, кога е избрана за судија во Основниот суд Кавадарци.
- Како судија во Основниот суд Кавадарци , постапувала по процесни, стопански, вонпроцесни предмети, управно сметководни спорови, член на стечајниот совет, а последните две години постапува и по прекршочни предмети.
|
|
Судија
|
|

|
Трајанка Дуброва
|
|
Родена е на 11.12.1947 година, во с.Кадино - Прилепско.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 26 април 1972 година.
- Во 1972 година се вработила во ГП,,Пелагонија,, Скопје, Кавадарци, како приправник, а потоа како секретар
|
- Од мај 1976 година, се вработува во Стопанска Банка - Кавадарци, на работно место шеф на службата за општи и правни работи .
- Во 1981 година го положила правосудниот испит.
- За судија во Основниот суд Кавадарци е избрана во септември 1997 година.
- Досега според годишниот распоред, работела на предмети по граѓанска, стопанска и прекршочна материја.
|
|
Судија
|
|

|
Љубинка Костадинова
|
|
Родена е на 13.08.1956 година во Д.Капија - СО Неготино.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 19.05.1981 година.
- Од 01.03.1982 година се вработува во Општинскиот суд Кавадарци на работно место судски приправник.
|
- Од 01.05.1987 година работи на работно место секретар во судот.
- Правосуден испит положила на 06.05.1996 година.
- Од 11.07.2002 година е избрана за судија во Основниот суд Кавадарци.
- Работи на предмети од граѓанска област.
|
|
Судија
|
|

|
Драгица Митрева
|
|
Родена е на 02.06.1951 година во с.Селце-Штип.
- Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 11.09.1974 година и веднаш се вработува во ЗОИЛ ,,Македонија,,- самостојна филијала Кавадарци, на работно место самостоен стручен референт за ликвидација на штети и застапување пред судовите.
|
- Во 1981 година положила правосуден испит.
- Во април 1983 година е именувана за заменик јавен обвинител во Кавадарци .
- Од 1996 година е избрана за судија на Основен суд Кавадарци.
- Работи на предмети по граѓанска и стопанска материја, како и на прекршочни предмети.
- Од изборот за судија во 1996 година па заклучно со 2002 година е претседател на граѓанскиот оддел.
- Во 2003 и 2004 година била заменик на претседателот на Основен суд Кавадарци.
|
|
Судија
|
|

|
Милан Николов
|
|
Роден е на 26.08.1952 година во Кавадарци.
- Завршил Правен факултет во Скопје на 13.02.1978 година .
- Од 01.03.1978 година се вработил во Општинскиот суд Кавадарци.
|
- Во 1979 година го положил правосудниот испит и бил распореден на работно место стручен соработник во Општинскиот суд Кавадарци, каде што останал да работи се до 30.09.1982 година.
- Од 01.10.1982 година е избран за судија во судот за прекршоци Кавадарци.
- Од 31.07.1996 година, е избран за судија на Основниот суд Кавадарци, согласно со новата реорганизација на судскиот систем и до денес е на работно место Судија на Основниот суд Кавадарци.
|
|
Судија
|
|

|
Ленче Делипетрова-Атанасовска
|
|
Родена е на 05.07.1955 година во Штип.
- Во учебната 1974/1975 година се запишала на Правниот факултет во Скопје.
- Дипломирала во декември 1978 година.
- Прво вработување и е во ,,Мак-промет,, во Штип од 15.01.1979 година до 16.06.1979 година како приправник.
|
- Од 16.06.1979 година до 10.07.1985 година работи како правен референт во рудници-индустрија за никел, челик и антимон “Фени” Кавадарци.
- Во јуни 1984 година положила правосуден испит.
- Од 01.07.1985 година до 01.06.1996 година работи како судија во Општински суд за прекршоци во Кавадарци.
- Од 01.06.1996 година е избрана за судија на Основниот суд Кавадарци каде работи и денес.
|
|
Судија
|
|

|
Ристо Петков
|
|
Роден е на 06.03.1953 година во с.Дреново, СО Кавадарци.
- Во учебната 1972/73 година се запишува на Правен факултет во Скопје.
- Дипломира во 1980 година, и од 15.05.1981 година се вработува во Општинскиот суд Кавадарци.
|
- Како судски приправник во Општински суд Кавадарци работи од 15.05.1981 година, до 30.06.1986 година.
- Правосуден испит положил во 1986 година, а сметано од 01.07.1986 до 30.06.1996 година работи како стручен соработник.
- Од 01.07.1996 година, избран е за судија во Основен суд Кавадарци, која што функција ја извршува и денес.
|
|
|
| |
|
|