Република Македонија
ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ
Су.бр.03- 148/2010
25.03.2010 година
К а в а д а р ц и
Основниот суд Кавадарци, како договорен орган и тоа претседателот на судот Зоран Јосифовски, врз основа на чл.28 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.136 од 12.11.2007 година на ден 25.03.2010 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
за набавка на печатени материјали за потребите на Основниот суд Кавадарци
во текот на 2010 година
1.За потребите на Основниот суд Кавадарци да се изврши набавка на печатени материјали и тоа:
а.Обвивка на списи:
- Бристол картон 250 гр.1/4 Б1 (бели и во боја) 3000 броја
- Б писаќа 80 гр. 1/4 Б1 и 2000 броја
- Б писаќа 80 гр.1/4 А1, 6.000 броја
б.Налози за плаќање такса, решенија, молби-уверенија, барања, наредби, придружни извештаи, покани доставници и др. и тоа:
- Б писаќа 70 гр.1/12 А1 (со еднострана штампа) /Налогзатакса/ 20.000 броја
- Б писаќа 70 гр.1/8 А1 (со и без перфорација со еднострана штампа) /опомена, придруж.извештај, заклучок, барањезаприсл.наплата, решенијаиуверенија../ 12.000 броја
- Б писаќа 70 гр.1/16 А1 (без перфорација со еднострана и двострана штампа)
/ покани, доставинци за лична достава......./ 15.000 броја
- Б писаќа 70 гр.1/16 Б1 (со перфорација со еднострана и двострана штампа)
/ покани, доставинци за лична достава......./ 15.000 броја
- Бписаќа 70 гр.1/8 Б1 (со перфорација,лепење и во боја, со двострана штампа-плика за специјална достава) 10.000 броја
- образци ПП 50 со отпечатена жиро сметка и цел на дознака (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 150 кочани
- образци ПП 60 (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 50 кочани
- образци ПП 70 (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 20 кочани
- образци ПП 73 (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 1 кочани
- образци ПП 80 (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 1 кочани
- образци ПП 10 (1+2 лајмовани од страна, кочан од 100 листа) 2 кочани
- образци ПП Д ГИ 5 броја
- Образци за Годишна сметка 6 броја
- налог за книжење формат А4 1 кочан
- каса прими/каса исплати 2 кочани
- регистратори 25 броја
-приемници 5 кочани
-испратници 5 кочани
- патен налог-сметка 3 кочани
-налог за службено патување 3 кочани
- хартија за пишување формат А4 60гм/м2 1 топ
- Укоричување на Службени весници 7 укоричувања
- Печатење на Уписници- Евиденциони книги
- формат А4 (до 250 листа) 10 броја
- формат А3 (до 25о листа) 6 броја
- формат А2 (до 25о листа) 6 броја
- книги за пошта 10 броја
- Судски лепенки (алонж) 5000 броја
в.Плика:
- мали (обични и во боја) 4.000 броја
-средни (обични и во боја) 3.000 броја
- големи АД 1000 (обични и во боја) 1.000 броја
-како и натрон кеса 42 х 30 см 1.000 броја
г.Архивски кутии 300 броја
2.За реализација на оваа набавка се обезбедени средства во износ од 300.000,оо денари (без вклучен ДДВ) од буџетската сметка на Основниот суд Кавадарци број 290100078760314, расходна ставка 423 - Ситен инвентар, алат и други материјали за поправки, расходно конто 423110 – канелариски материјали и од расходна ставка 425 –Договорни услуги, расходно конто 425920 – услуги за копирање, печатење и издавање.
Набавката ќе се врши сукцесивно согласно потребите на судот.
3.Постапката за доделување на договорот за јавна набавка да се спроведе со барање за прибирање на понуди од најмалку три економски оператори.
Крајниот рок за поднесување на понудите да не биде покус од 8 дена од денот на испраќање на барањето до економските оператори.
4.Заради спроведување на оваа одлука се формира комисија за јавна набавка, во состав од ;
1.Лидија Ридова – претседател
2.Сузана Димкова - член
3.Роза Алексова - член
со замениците
1.Николина Давчева - заменик претседател
2.Трајанка Бошева – заменик член
3.Весна Ристова– заменик член
5. За изготвување-подготовка на одлуката за јавна набавка, одлуката за избор и договорот за јавна набавка се определува лицето Сузана Костова-Коцева – секретар на судот.
6. Лице кое ќе биде одговорно за реализација на плаќањата по склучените договори за јавна набавка е Мирјана Гркова одговорен сметководител.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за јавна набавка да ја спроведе постапката во оваа одлука согласно чл.100 ст.1 алинеја 1 – 104 од Законот за јавни набавки.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ
Зоран Јосифовски