НАДЛЕЖНОСТИ НА ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ
Согласно Законот за судови (Сл. Весник на Р. Македонија бр.58/06 од 11.05.2006 година) Основниот суд Кавадарци е суд со основна надлежност
Член 30
(1) Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
(2) Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно - правните и други граѓанско - правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство,утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови од наследно - правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.
Месна надлежност
Основниот суд во Кавадарци се основа за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман.